Што ми е потребно да поставам патоказ/рекламен панел?
Ваше е да одберете локација, да потпишете Договор за закуп и да го плаќате месечниот закуп. Се друго е наша работа. Дали е потребно посебно барање или специјална дозвола за поставување на патокази/рекламни панели?
Не! Се што Ви е потребно е од нас да побарате информации за локацијата за која сте заинтересирани. Ако има услови за комерцијално рекламирање и е слободна, ЛОКАЦИЈАТА Е ВАША!

Дали е потребно да дојдам до кај вас за да нарачам?
Не! Не е потребно да доаѓате до кај нас. Само јавете се на тел. 02/3236-654 или испратете факс на тел. 02/3236-684, или испратете ни порака на нашата е-маил адреса: info@perspektiva.com.mk, да не информирате дека сте заинтересирани, и ние веднаш ќе стапиме во контакт со Вас за да ги прецизираме поединостите. На Ваше барање можеме да дојдеме и до кај Вас.

Може ли да ги користам старите реклами/патокази?
Не! Во Правилникот за обележја за информирање и упатување на граѓаните на Град Скопје стандардите за формата, димензиите, боите како и материјалите од кои се изработуваат рекламните панелите, се прецизно одредени. Според истиот закон Вашата стара реклама не може да се користи на територија на Град Скопје.

Каде може да се постават рекламите?
Патоказите/рекламните панели може да се постават само на уличните светилки или на столбови наменети за улично осветлување. Во консултација со нашите служби локацијата за која сте заинтересирани ќе се провери и ако има услови за комерцијално рекламирање и е слободна, ЛОКАЦИЈАТА Е ВАША!

Што ако некој го оштети рекламниот панел?
Ние се грижиме за рекламните панели, без разлика дали се градски патокази или комерцијални панели. И според договорот со Вас, и според Договорот со Градот, обврзани сме да ги одржуваме и сервисираме. Сите штети направени врз Вашите панели ги покриваме ние, ги сносиме сите трошоци за нивно одржување во исправна состојба.

Што се може да се рекламира на рекламниот панел?
Основна функција на рекламните панели, ако се користат во комерцијални цели е да ги рекламираат вашите производи или услуги, или ако се користат како патокази да насочуваат кон Вашата фирма или објект. Тоа значи дека било која со закон забранета, недолична или навредлива кон некого содржина не е дозволена.

Што ако ја променам локацијата на мојата фирма/објект/продавница? Дали треба да нарачам нови патокази?
Ако од било која причина се одлучите да ја промените Вашата локација, може да побарате дислокација на Вашиот(те) рекламен(ни) панел(и) или патоказ(и). Сепак, трошоците за интервенцијата (демонтажа и монтажа) се на Ваша сметка. Значи, ако Вие не сакате да нарачате дополнителни рекламни панели/патокази нема потреба да нарачувате нови.

Можам ли да направам промени во дизајнот на рекламните панели ?
Да, секако дека можете. Сите промени, нивната цел, содржина и распоред ќе бидат дефинирани со посебен договор.

За сите дополнителни прашања во врска со рекламните панели, Ви стоиме на располагање. Испратете го вашето прашање, ќе ни биде задоволство да Ви одговориме.