Политика за приватност и заштита на личните податоци
Оваа Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој Продукција Перспектива дооел Скопје, чие седиште се наоѓа на ул. Даме Груев 7/9-3, 1000 Скопје, ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани при посета на www.panelplus.com.mk. Оваа политика за приватност се однесува единствено за интернет страницата (сопственост на Продукција Перспектива) и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини. Оваа Политика на приватност не се однесува на Вашата посета на други интернет страници до кои пристапувате преку нашите интернет страници.
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци Продукција Перспектива дооел Скопје, чие седиште се наоѓа на ул. Даме Груев 7/9-3, 1000 Скопје, Република Северна Македонија.
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Чии податоци собираме
Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
Посетители на нашата интернет страна www.panelplus.com.mk Вообичаено собираме податоци за навигација кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб- страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика за користење на колачиња. (линк).
Категории на податоци кои се обработуваат
Податоци за навигација
При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
- Вашата интернет протокол (IP) адреса;
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
- Вашиот оперативен систем;
- Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
- Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
- URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна;
- Јазикот на пребарувачот кој го користите;
- Држава (се одредува преку IP адресата).
Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
Личните податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите надлежности утврдени согласно со закон.
Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон и email.
Како ги собираме личните податоци
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
- преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за контакт;
- преку нашиот email: info@perspektiva.com.mk
- преку пошта.
Категориите на корисници на лични податоци
Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи по барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци.
Кои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци
- право на пристап до личните податоци
- право на исправка и бришење на личните податоци
- право на ограничување на обработката на личните податоци
- право на приговор