Локација
Кај патоказите е јасно, микролокациите на кои се поставуваат патоказите се бираат да насочуваат кон посакуваната локација. Но, и кај патоказите и кај потезите со рекламни панели, основно што треба да се земе во предвид е фрекфенцијата на луѓе и возила, односно просечниот дневен сообраќај што поминува низ таа одредена локација. Во предвид се земаат и други параметри, како видливоста, времето на задржување на таа локација, близината на главни раскрсници, пешачки зони и сл.
Правилно избраните локации ќе продуцираат добри резултати, а со тоа Вашата инвестиција во надворешното рекламирање ќе се исплати.