fbpx

Известување

Почитувани клиенти,

Со оглед на значителните влијанија на КОВИД-19 врз глобалната светска индустрија и со цел да продолжиме да нудиме сигурна и високо-квалитетна услуга, за Вас и за Вашите клиенти, на почеток на месец Јуни 2021 година, Продукција Перспектива воведе нови цени за печатењето на рекламите.
Уште од почетокот на глобалната пандемија, правевме напори за да ја одржиме цената, адаптирајќи ја согласно новите случувања, како и согласно постојаните промени во капацитетот и побарувачката. Ова е причината поради која би сакале да Ве информираме за зголемување на цените почнувајќи од 1ви Јуни 2021 година. 
Зголемувањето на цените ги рефлектира промените во динамиката на пазарот и во достапноста на капацитетите во нашата држава. Земајќи ја во предвид целата состојба во нашата земја, во секој сегмент од работењето на компаниите, зголемувањето на цените е минимално, од 1 евро.
Ја користиме оваа можност да ги обезбедиме сите информации што Ви се потребни, за да ги насочите Вашите процеси на планирање за следната година.
Подолу, можете да најдете повеќе информации за промената на цените на рекламните панели по типови: Т1-тип1, Т2-тип2 и Т3-тип3
 
Стара цена:                                       Нова цена:
Т1 = 9 евра/панел,                         Т1 = 10 евра/панел
Т2 = 18 евра/панел,                       Т2 = 19 евра/панел
Т3 = 32 евра/панел,                       Т3 = 33 евра/панел

 
Што значи тоа за Вас?

Во моментов нема никава промена за закупените рекламни панели, немате никакви дополнителни трошоци. За повеќе информации околу овие промени, Ве молиме контактирајте го Вашиот менаџер за продажба од Продукција Перспектива. Со задоволство очекуваме да Ве поддржиме во понатамошниот раст и успех на Вашата компанија во 2021 година.

Официјалното известување можете да го преземете на следниов линк

Со почит,

Владимир Атанасовски
Управител
Продукција Перспектива ДООЕЛ Скопје

Add a Comment

i-panel-plus