Рекламните панели поставени во линија се најефикасниот медиум за надворешно рекламирање

Рекламниот панел е мас-медиум кој целосно допира до широка јавност и нуди реклама која постојано се наметнува и го привлекува вниманието на сите минувачи 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Панелите се медиум кој е директно изложен во видното поле на сите учесници во сообраќајот. Панелите гарантираат забележливост и поради лоцираноста – се поставуваат на бандерите за улично осветлување на сите сообраќајници во градот, а и поради светлосната инсталација што ја содржат, забележливи се како преку ден, така и навечер.

Кога се користи за промоција на производ и/или услуга, зајакнување или градење на бренд, најголем ефект се постигнува со потег од панели, односно панели кои се поставени последователно и на кои се користи ефектот на повторување на логото (градење и зајакнување на бренд) или промоција на повеќе производи/услуги од истиот производител или бренд. Повторувањето на рекламната порака има голем ефект врз перцепцијата на потрошувачите, се користи за подсвесно да се влијае на потенцијалните купувачи при изборот, а и самата порака да биде запаметена односно препознаена од 100000 минувачи кои како возачи или пешаци се учесници во сообраќајот дневно на одредена локација.