Продукција Перспектива – Панел Плус во соработка со Град Скопје го реализира проектот за улично медиумско рекламирање преку поставување на урбана опрема - светлосни патокази и рекламни панели на столбови за улично осветлување.
Од 2007 година го проширивме своето работење нудејќи услуги и во рекламирањето на големи – ѕидни површини на најпрометните главни сообраќајници во градовите. Почнувајќи од 2008 година, покрај Скопје, го проширивме своето делување и во други градови низ Македонија.
Во текот на десетгодишното работење во полето на маркетингот и рекламирањето, Панел Плус се разви во агенција која освен услуги во надворешното рекламирање нуди услуги и во делот на изработка на маркетинг и промотивни стратегии и планови, графички дизајн и организирање на настани.
Нашите услуги опфаќаат широк спектар на клиенти од различни дејности. Им помагаме на компаниите да се пробијат, промовираат и брендираат во урбаниот пазар. Брендирањето и промовирањето на компаниите и нивните производи и услуги го правиме така да привлечат внимание, да се изгради бренд име и да го зголеми повратокот на инвестицијата вложена во маркетинг активности. Накратко, ги позиционираме нашите клиенти како лидери во нивните пазари.
Нашиот талентиран тим на професионалци поседува вештини да објават, брендираат и продадат производи или услуги, и на ефективен начин да им помогнат на нашите клиенти да ги постигнат своите цели. Го правиме тоа преку комбинација на широко знаење, искуство и иновативни идеи.
Работиме заедно со нашите клиенти. Нашата најдобра работа доаѓа со стекнување на вистинско разбирање на нашите клиенти и нивните купувачи, тогаш може да се донесат вистински решенија за да се постигнат зацртаните цели.