Ѕидното рекламирање е сигурен начин ѕидната површина да ја претворите во приказна која продава
Овој вид на рекламирање наречено ѕидно рекламирање, се всушност реклами на големи платна кои се поставени на надворешните ѕидови на објектите (wallscapes). Тие се достапни во различни големини и форми и имаат огромно влијание во урбаните подрачја затоа што се видливи дури и од далеку, што ги прави одлични алатки за маркетинг и рекламирање.
Фасадните реклами секогаш успеваат да го привлечат вниманието.
Рекламирањето на големи ѕидни површини е алтернатива на надворешно рекламирање која нуди слични бенефиции како рекламните панели, но сепак е многу поголема реклама и многу поблиску до целната публика. Тие потоа се прикачуваат на едната страна на зградата, обично со алуминиумски рамки и со помош на метални прстени. Пластиката или платното се дизајнирани да бидат отпорни на разни временски услови, како дожд и ветер. Платна кои обично се користат се т.н. меш платно или винилно платно. Меш платното е лесен материјал кој делумно пропушта светло и воздух, и е многу погоден за покривање на големи површини, како и површини – ѕидови кои имаат и прозори. ПВЦ платното се користи кога ѕидовите се без прозори. Ги карактеризира долготрајност и постојаност на боите кои може да останат неизменети повеќе години.