Известување за прилагодување на цените – со важност од 1 јули, 2022 година

Почитувани,

Случувањата годинава претставуваат голем предизвик за сите нас. Влијанието на кризата се одразува во сите земји и индустрии.

Нашиот главен фокус во текот на годинава беше одржување на квалитетот и нивото на оперативните услуги, со цел да ги поддржиме бизнисите на нашите клиенти преку градење на бренд, промоција на производи, насочување на клиентите до Вашата локација, тригер за дигитални активности и рекламирање.

Во овој контекст, би сакале да Ве информираме за зголемувањето на цените на нашите услуги, од 1 јули 2022 година. Притоа, ја користиме оваа можност да Ве информираме дека цените кон нашите клиенти кои веќе имаат склучено договор за соработка, ќе останат исти.

Главните двигатели за ова зголемување на цените во 2022 година се: Инфлација – Значителен дел од зголемувањето на цените се должи на зголемување на стапката на инфлација, која е одговорна за главните влезни трошоци на нашите оперативни активности и Индустриски специфични трошоци – кои не се директно поврзани со инфлацијата, но се специфични за нашиот индустриски сектор.

Промените на цените се претставени во следната табела:

Нов ценовик со важност од 01.07.2022 стара нова стара нова стара нова
зона урбан зона центар зона ексклузив
панел тип 1 35 40 40 45    
панел тип 2 45 55 55 65 70 80
панел тип 3 60 75 70 85 80 95
панел тип 4 30 35        
панел тип 5 40 45        
панел тип 7 20 25        
панел тип8 30 35        

Ние ќе продолжиме да Ве информираме за сите големи промени во нашата понуда на услуги, кои би се појавиле како последица тековната економска состојба.

За повеќе информации околу овие промени, Ве молиме контактирајте го Вашиот менаџер за продажба од Продукција Перспектива.

Продукција Перспектива

Add a Comment

8211-1-2022